Вицепрвакот Пелистер ја потврди фаворитската улога во дуелот со Вардар кој незнае за триумф, а Кожув го совлада Шкупи.
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 59:90
Во малата сала на СЦ „Кале“, „пелистерци“ го совладаа Вардар.
Гостинскиот тим постојано го контролираше резултатот во првото полувреме, но најголемата предност изнесуваше +9 поени на крајот на 20. минути (30-39).
Во вториот дел Пелистер го крена нивото на одбрана, па како одминуваше времето така се зголемуваше разликата. На крајот на третиот период „зелено-белите“ имаа „вишок“ од 25. поени, па уште тогаш беше јасно дека бодовите ќе ги освојат гостите.
На крајот Пелистер славеше со 31 поен разлика.
Комплетната петорка на гостите имаа двоцифрен број на поени, а тројца од нив завршија со дабл-дабл ефект. Виктор Ташовски на 19. поени придодаде 10 асистенции, Андрија Бојиќ заврши со 16 поени и 11 скокови, а Дамјан Крстевски си 12 поени и 10 скокови. Двоцифрени кај победникот беа и Мишковиќ со 12 и Антоан со 11 поени.
ШКУПИ – КОЖУВ 68:81
Гевгелиски Кожув беше подобар од Шкупи.
Гостите уште во првото полувреме најавија дека се дојдени по двата бода. Како поведоа во седмата минута (14:16) така водството го одржуваа и зголемуваа, па на одмор заминаа со двоцифрена предност (32:44). Расположениот хрватски интернационалец Пилепиќ беше нерешлива енигма за домашниот тим. Тој заедно со Хауард ја одржуваа предноста на Кожув кој заслужено победи.
Пилепиќ го заврши натпреварот со 25 поени, додека Американецот Хауард имаше дабл-дабл ефект изразен со 13. поени и 15. скокови.