06.10.2024

Вицешампионот доминираше на гостувањето во Кавадарци, за сигурен триумф против Тиквеш Голден Иглс (96:84)

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: Пелистер сигурен во „Јасмин“

Битолски пелистер ја оствари првата победа во новата првенствена сезона, откако на гостински терен во Кавадарци, беше подобар од екипата на Тиквеш Голден Игл (некогашен Еуро Никел 2005)

ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ – ПЕЛИСТЕР     84:96

Од самиот почеток на средбата во „Јасмин“ гостите од Битола беа чекор понапред во однос на новиот тим на Тиквеш, сега и со додавка Голден Игл. Но по десет минути, водството на Пелистер беше минимално (23:21).

Но за она што „работеа“ во првото, битолчани се наградија во вториот период од играта. Или десет минути во кои дојдоа до двоцифрена предност.

Во средишниот дел од втората четвртина, а по серијата од (12-3), „зелено-белите“ поведоа со (35:24). Добрата шутерска изведба (особено за три поени), им донесе и поголема позитива, од 15.поени (39:24), за првото полувреме да биде затворено со нешто пониски (49:37).

Уште подобар почеток имаа „пелистерци“ во второто полувреме, За само неколку минути веќе имаа големи (65:44), па (74:53), за четвртина да заврши со (76:57), што беше најава за нивниот прв триумф на стартот на новата сезона во Првата „Мтел“ лига.

Навистина, во последниот период кавадарчани успеаја да ја преполоват висиката негатива. Намалија на (74:85), но тоа беше се од нив вечерва во Кавадарци.