Шест натпревари развлечени во три дена го одјавија единаесеттото коло од Првата МТЕЛ лига мажи. Лидерот на табелата, ТФТ, успеа да ја задржи најпосакуваната позиција и по поразот на гости кај Пелистер кој го дели пак второто место со актуелниот шампион од скопски Аеродром кој издомимира на гости во Кавадарци кај Тиквеш Голден Игл. Лесен плен имаше МКК Куманово со петтата победа во низа, овој пат против фенерџијата Вардар кој останува на дното на табелата по 11 одиграни натпревари како повратник во 'елитата'. Гостивар убедливо славеше против Чаир 2030 додек Кожув и Феникс 2010 се намачија за новите победи со своите противници Работнички односно Шкупи.
Преостанува уште само едно натпреварувачко коло па ќе се замине на јануарска пауза. Предвидено е лигата да продолжи со обврски вториот викенд во месец јануари.
ПРЕГЛЕД НА СТАТИСТИКА 11. КОЛО
Кумулативна статистика
Тимска Статистика
ТОП 10 статистички лидери
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 11.КОЛО
МКК Куманово – Вардар 95-67
Пелистер - ТФТ 91-82
Кожув – Работнички 81-79
Гостивар – Чаир 2030 90-75
Тиквеш Голден Игл – МЗТ Скопје Аеродром 54-80
Феникс 2010 - Шкупи 78-73
ТАБЕЛА: ТФТ (20), МЗТ Скопје Аеродром (19), Пелистер (19), Чаир 2030 (18), МКК Куманово (18), Кожув (18), Работнички (18), Гостивар (15), Тиквеш Голден Игл (14), Шкупи (14), Феникс 2010 (14), Вардар (11)
ИДНО КОЛО -12. (25.12)
Пелистер - Тиквеш Голден Игл
Феникс 2010 - Работнички
Шкупи - МЗТ Скопје Аеродром
Гостивар - Вардар
МКК Куманово - ТФТ
Кожув - Чаир 2030