Промената на првата тренерска позиција, очигледно донесе и подобрување во играта, но и резултатите на екипата на Шкупи. „Доказ“ за тоа е и првиот првенствен успех, односно триумфот против екипаата на Вардар.
ШКУПИ - ВАРДАР 89:68
Доста ефикасно прво полувреме одиграа домашните кошаркари. По израметата прва четвртина, во онаа втората Шкупи успеа да се одвои на двоцифрена позитива. На полувремето да води и со (48:37), кои во најмала рака беа креирани од Вилијамс, кој реализираше 15.поени, и Златевски кој додаде уште 10.
На другата страна, „двоцифрени“, уште по првите 20.минути беа Наков (12.поени) и Стивенс (11).
Без многу измени се одвиваа работите и во третиот период. Оној во кој Шкупи успешно ја бранеше таа двоцифрена предност сте Тримбл, кој постигна 18. кната во претходните два. По три одиграни четвртини, Шкупи имаше и поголема позитива (66:52), што беше најава и за нивна прва победа во новата сезона.
Освен Вилијамс и Златевски, бројката од десет и повеќе поени во домашниот тим ја надминаа и Тримбл, кој постигна 18, како и Стојановски (10), Арчи (12) и Аранитовиќ (14). Слично беше и во гостинската екипа во која Стивенс имаше 18.поени, Рос 14, Хемптон 13, а Наков уште 12.поени.