Честа да ја отворат новата сезона во Првата „МТЕЛ“ лига денеска ја имаа екипите на ТФТ и на МКК Куманово.
Во премиерниот меч од 33 издание на нашето најквалитетно натпреварување, кошаркарите на ТФТ стигнаа до првиот триумф во новата натпреварувачка кампања.
ТФТ – МКК КУМАНОВО 81:70
Релативно доста изедначени 20. минути виде публиката во СРЦ „Кале“ каде денеска ќе има тројна програма од првото првенствено коло.
Иако во најголме дел од првото полувреме гостите од Куманово имаа резултатска предност, домаќините не дозволија да премине во двоцифрена, а на истекот на последната минута дури може да се каже дека поголемо беше нивното „задоволство“ од оние (37:35), водство кое го имаше противникот на „големиот одмор“.
Очигледно е дека и на двете екипи ќе им биде потребно повеќе време да „се пронајдат“, онака, играчки. Јасно и поради што затоа што и на двете од игралиштето има голем број на нови играчи.
Кај МКК Куманово не заигра „повратникот“ и миленикот на публиката, Урош Луковиќ (не добил сертификат), а на другата страна од теренот, се појави репрезентативниот бек Адем Мекиќ, кој беше регистриран во „пет до 12“.
Токму Мекиќ со 11. реализации беше еден од оние кои не дозволија поголемо водство на кумановци, кои пак на своја страна поентерски го имаа бековскиот двоец Волер-Тадиќ, кој искомбинира 26 од оние 37. поени на „сино-белите“.
Ако кумановци беа подобра екипа во првото, ТФТ го доби она второто...
Играа трпеливо домашните кошаркари по враќањето на паркетот и оние задолжителни 15.минути за одмор.
Како одминуваа минутите, така правеа предност, макар што по три одиграни четвртини негативаа од полуврмеето ја претворија во позитива од три поени (58:55).
А решението за победникот дојде во воведните минути од последната четвртина. Со серија од (17-7), „црно-белите“ имаа и двоцифрено водство (76:66), за на крајот да го добијат премиерниот натпревар во новиот шампионат со (81:68).
Говенс реализираше 23.поени за победничката екипа, Мекиќ застана на 17. реализации, а Гринли додаде 14.
Во онаа противничката, своето одлично издание, Тадиќ го заокружи со 25.поени, Волер броеше до 14. А уште по 10 дадоа искусниот Јанескии Георгиевски.