Кошаркарите на Работнички стигнаа до исклучително важен гостински триумф. На нималку лесниот терне во кавадаречки„ Јасмин“, имаа водство, кое домашната екипа го стигна, дури и поведе, но имаа и „помирна завршница“ во која стигнаа до успехот, за нив петти од почетокот на новата сезона.
ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ – РАБОТНИЧКИ 81:85
Во 17. минута од играта, по серијата (9-2), Тиквеш дојде и до водство (35:33), за нив прво, по она на почетокот (5-4) запишано уште во втората минута. Дел од мечот во кој Глигоријевиќ веќе имае 11. реализации за домашната екипа, додека на другата „одговорот“ го имаше Ефремовски.
Токму репрезентативниот бек на „црвено-белите“ имаше одлично полувреме, стигна и до својата четвртта тројка од пет обиди), а по онаа која ја даде довчерашниот „кавадарчанец“, Дубински, Работнички одново ја врати предноста на своја страна (42:37).
Гостите од Скопје имаа уште повисоки (43:37), на полувремето.
Изедначено се играше во третиот дел, на пример, двете екипи имаа по 12 реализации во пет минути играње, па резултатот остана непорменет (55:49) во корист на гостинската екипа, во која освен Ефремовски (во меѓувреме постигна уште една тројка), двоен број на поени веќе имаа и Ѓуроски (11), односно Полутак, кој освен 14.поени, додаде и 11.скока за тие 25.минути од средбата во „Јасмин“.
Така беше и до крајот на овој период, во кој Дубински со звукот на сирената постигна нова тројка (негов 14.поен), за (66:61) во корист на Работнички.
На почетокот на последниот дел, Ѓуроски донесе уште повисоки (68:61), но „црвено-белите“ не го зададоа оној последен удар, односно позитивата да ја направат и двоцифрена.
Напротив.... од минута во минута кавадарчани ја топеа таа негатива. Стигнаа до -1, (67:68), потоа и до (70:72), кога останаа да се доиграат неполни пет минути. Во следниот напад преку својот најдобар стрелец, Грин, и израмнија (72:72). А по четирите по ред поени на новакот Пантелиќ дури и поведоа (76:74).Сепак, Робев, со тројка, го поништи тоа, за нова промена на водството, (77:76), и 79 секунди за конечно решение, кој ќе победи во Кавадарци.
Со иста мерка врати Грин. Но точен во својот нов обид вреден три поени беше и Ѓуроски за исто „растојание“ минимални (80:79), за гостите. Грин беше несигурен во следниот напад, па казни Дубински, со две слободни фрлања донесе (82:79).
Грин имаше шанса да го однесе мечот во продолжение, но не погоди за три поени, па победата ја потврди Дубински, постави недостижни (85:81).
Беше еден од „четворката“ на Работнички со десет или повеќе поени, заврши со 17.реализации. Полутакоствари довоен ефект (20.поени и 12.скока), Ѓуроски финишираше со 16, а Ефремовски имаше 15.
Одлични први минути во дресот на Тиквеш Голден Игл имаше Александар Пантелиќ, кој почна од клупата, а заврши со 23. поени ( и четири скока), Грин имаше 17.поени, Глигоријевиќ застана на 13 (имаше и осум скока), а Коскоски кој доби сосема солидна минутажа, дојде до десет поени.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО
Тиквеш Голден Игл – Работнички 81:85
МКК Куманово – Феникс 2010 (во тек)
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 79:110
17.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)
17.00: Гостивар – Кожув
Сала „Младост“ – Гостивар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/IixsbzEEgNo?si=KFxZwDGkEMjTVeET
18.00: ТФТ – Чаир 2030
Сала СРЦ „Кале“- Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/HgLAioMJ-2c?si=bBEOCjBUHa3hWqfl
18.30: Пелистер – Шкупи
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8IzMww0PKXA?si=vgNjfhJFsQnK60ap