Во дерби-дуелот на 8.првенствено коло, кошаркарите на Работнички со многу подобра игра и постојана резултатска предност, беа доста подобри од Пелистер, и стигнаа дури и до убедлива победа со која го поминаа составот од Битола на првенстената табела по осум одиграни кола.
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 84:70
Во гостинската екипа, онаа од Битола, играш само Стајиќ. Репрезентативниот бек реализираше 15.поени за Пелистер, но во тоа прво полувреме, изостана поддршката од соиграчите, особено во фазата на нападот. Макар што и одбраната на „пелистерци“ беше далеку од идеална, а најчесто во таа фаза од дерби дуелот на 8.коло, ја пробиваше корпулентниот Полутак (собра 13.поени). Добар „простор за игра“ во отсуство на повредениот Ѓуроски, доби Хот, кој врати на довербата со седум поени, колку што даде и Робев, а одлични деби-минути имаше и Капетановиќ, по чиј „зицер“, Работнички се одвои на највисооки (43:34).
„Во серии“ играа (поточно погодуваа) двете екипи во најголем дел од второто полувреме. Први се заканија „пелистерци“ кои со серија од (10-0), негативата (39:50), ја донесоа до само половина поен (49:50), потоа и (51:52).
Но Работнички постојано имаше играч(и) кои знаат да го одбранат и тој минималец. Дури и повеќе од тоа. Во прв ред тоа беше Полутак, кој и покрај максималната минутажа, и на овој меч даде најмногу во „црвено-белиот“ состав. Заедно со Хот, кој исто така дојде до дабл-дабл ефект, ја држеа одбраната, но дадоа и голем придонес во нападот на домашната екипа.
Извесно, работата им беше сериозно „олеснета“ со еден индиспониран пристап на поголем број на поединци во „зелено-бела“ комбинација, Исклучок тука прават Стајиќ, делумно Мишковиќ, па и Бојиќ кои почнаа да „играат нешто“ во второто полувреме.
Но, Работнички имаше „одбранбен механизам“, макар и со уште пократка ротација, и оние кои играа се наградија себеси си со вреден успех, шести во сезоната со кој го држат приклучокот со водечкиот двоец на табелата.
Освен 28.поени, Полутак дојде и до 14.скока, толку поени имаше и Хот, плус и 12.скока, додека по 11 реализации имаше репрезентативниот двоец на Работнички, Робев-Ефремовски.
Во изданието за заборав на Пелистер, Стајиќ застана на 20.поени и 6.асистенцции и 3.скока, Мишковиќ дојде до двоен ефект од 16.поени и 11.скока, Бојиќ заврши со 11.поени и 8.скока, премалку од „пелистерци“ на ова гостување во СРЦ „Кале“.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 8.КОЛО
Чаир 2030 – Тиквеш Голден Игл 79:70
Работнички – Пелистер 84:70
Шкупи – МКК Куманово 57:83
Феникс 2010 – Гостивар 74:66
Вардар – ТФТ 79:80
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 69:63
Чаир 2030 – Тиквеш Голден Игл 0:0
Работнички – Пелистер 0:0
ТАБЕЛА: Чаир 2030 15, ТФТ 15, МЗТ Скопје Аеродром 14, Работнички 14, Пелистер 13, Кожув 12, Гостивар 10, МКК Куманово 12, Шкупи 11, Феникс 2010 10, Тиквеш Голден Игл 10, Вардар 8;
ИДНО КОЛО (07.12)
Тиквеш Голден Игл – Вардар
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром
Пелистер – Чаир 2030
Гостивар – Шкупи
МКК Куманово – Работнички
Кожув – Феникс 2010