Освен во првиот период, „црвено-белите“ беа далеку подобар ривал и заслужено слават важен триумф (86:63)
Кошаркарите на Работнички успеаја да стават крај на победничката серија на екипата на Чаир 2030, и со одлична игра во три четвртини, освен онаа воведната, стигнаа до важна победа, за враќање на вербата во сопствените можности.
Можеби првиот период, резултатски им припадна на гостите од Чаир. Но втората четвртина беше „резервирана“ за кошаркарите на Работнички. Веројатно беше и нивната најдобра во досегашниот дел од сезоната, во која покажаа дека овој тим има квалитет.
Предводени од расположените Робев и Полутак, „црвено-белите“ ја претворија негативата од првиот период (17:22), во убедливо водство (43:34) на истекот на првите 20.минути.
Можеби со нешто понизок поентерски интензитет, но сепак, Работнички продолжи да ја зголемува високата предност и по одморот. Добро функционираше одбраната, која на противникот му дозволи да реализира само 11. поени за скоро девет минути играње во третата четвртина. Па оттука Работнички имаше и позитива од 14.поени (59:45).
По три одиграни периоди таа разлика беше уште повисока (64:47).
На почетокот на онаа последната, за четири минути, Чаир 2030 „се спушти“ на (57:68), но нипто повеќе од тоа. Освен Робев и Полутак, во продолжението поентерски им се придружија Ѓуроски и новакот Дубински, и помалку рутинерски Работнички стигна до успехот, и тоа како важен, пртив екипата која досега имаше само победи.
Полутак заврши со 27. реализации и 8.скока, Робев имаше 22.поени (седум скока и две асистенции), Дубински даде 12, а Ѓуроски упте 11.ппени (и по пет скоак и пет асистенции).
Во екипата на Чаир 2030, Кирк и Мофит реализираа по 15.поени, а Кели имаше дабл-дабл од 16.поени и 12.скока.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТAТИ 4. КОЛО
Феникс 2010 – ТФТ 63:80
Работнички – Чаир 2030 86:63
МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово 78:71
Шкупи - Вардар 89:68
Гостивар – Пелистер 77:66
Кожув - Тиквеш Голден Игл 85:64
ТАБЕЛА: ТФТ 8, МЗТ Скопје Аеродром 7, Чаир 2030 7, Работнички 7, Пелистер 7, Кожув 6, Гостивар 6, МКК Куманово 5, Тиквеш Голден Игл 5, Феникс 2010 5, Шкупи 5, Вардар 4;
ИДНО КОЛО (02.11)
Тиквеш Голден Игл – Феникс 2010
Вардар – Работнички
ТФТ – Шкупи
Пелистер – Кожув
МКК Куманово – Гостивар
Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром