14.12.2024

„Црвено-белите“ имаа предност во најголем дел од натпреварот, но влегоа во неизвесна завршница во која слават со минимални (77:76)

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: Работнички за поен подобар од Гостивар

Со дуелот Работнички-Гостивар беше затворена саботната кошаркарска ревија во СРЦ „Кале“...

Иако имаа предност, и тоа во три четвртини од играта, до својот седми триумф во сезоната „црвено-белите“ дојдоа во самата завршница од мечот во СРЦ „Кале“

РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР        77:76

Гостите од Гостивар имаа подобар старт во натпреварот, уште во првиот период од играта се стекнаа со солидна предност (18:12).

Но во втората, „црвено-белите“ успеаја да го пронајдат својот ритам, што им донесе, и тоа за кратко време, не само достигнување на негативата, туку предводени од расположениот Дубински, преминаа и во водство (26:25). Не се задоволија со тоа, стигнаа и до уште повисоки (30:25), кога се играше 16.минута.  

На другата страна одговори Соколов, по неговиот 12.поен во првото полувреме, Гостивар намали на (29:30), за првиот дел од играта во СРЦ „Кале“ заврши со предност за Работнички (38:35).

Дваесет минути во кои и двете екипи одиграа под очекувањата, особено во оној офанзивен сегмент, за што сведи и процентот на реализација на шутот, особено за три поени. Домаќините, каде недостасуваше репрезентативецот Ѓуроски, погодија само два шута од 12. обиди, гостите пак имаа еден повеќе (3/12 од таа позиција за три поени).

На почетокот на третата четвртина, со серија од шест поени (тројки на Полутак и Дубински), Работнички се одвои на солидни девет поени вишок, (44:35).

Но тука не застанаа домашните кошаркари, затоа што серијата ја зголемија на (10-0) за уште повисоки (48:35). 

Пет минути гостиварци беа без реализација во тој период од мечот. Но во оние наредни пет одиграа многу подобро, и до крајот на третата четвртина се вратија на „два поседи негатива“ (48:54).

Но уште еднаш, слично како во третиот, Работнички го отвори четвртиот период со серија од (6-0), доволна одново да „побегне“ на двоцифрен плус (60:48), сето тоа во рок од само две минути.

Истата предност домаќините ја имаа и три минути подоцна, водеа со (67:55), потоа и со (71:59), Но во оние преостанати четири, следува уште една серија на Гостивар, сега од (14-2), за сериозно достижни (73:75), кога останаа да се доиграат само 24.секунди.

А во нив, добрата одбрана на гостиварци, со загубена топка ја „поништи“ Родес. Робев доби шанса, мирно ги реализираше двете слободни фрлања, за недостижни (77:73), на шест секунди пред финалната сирена. Оние во кои Родес погоди за три, но неговиот тим остана „пократок“ за тој еден, ама многу вреден поен.

Со 21.поен, Полутак беше прв стрелец во домашната екипа која сега е на скор (7-3), а во која Дубински додаде 19, а Капетановиќ уште 10.поени.

Во гостинската, Хемптон даде исто така 21.поен (имаше и 13.скока), Родес застана на 16, Соколов заврши со 15, а Митевски имаше уште 13.реализации.

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛАТИ И ДВОЈКИ 10. КОЛО

Работнички – Гостивар 77:76

Шкупи – Кожув      68:81

Вардар – Пелистер           59:90

ТФТ – Тиквеш Голден Игл          90:86

МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010          92:63

15.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

19.00: Чаир 2030 – МКК Куманово

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/kiRMqsN9AnE?si=jH_G3CRNMOKHx8u5

ТАБЕЛА: ТФТ 19, МЗТ Скопје Аеродром 17, Пелистер 17, Работнички 17, Чаир 2030 16 (-1), Кожув 16, МКК Куманово 14 (-1), Гостивар 13, Тиквеш Голден Игл 13, Шкупи 13, Феникс 2010 12, Вардар 10;