05.10.2024

Чаирчани беа амбициозни, но за изненадување против бранителот на титулата, треба повеќе од тоа, сигурни, преубедливи (95:59) за МЗТ Скопје

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: Шампионот се „загреваше“ десет минути против Шкупи, потоа се помина во рамките на реалното

Освен првите десетина минути, се останато помина во знакот на бранителот на шампионската титула во дуелот со екипата од Чаир...

ШКУПИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ     59:95

Тренерот на МЗТ Скопје Васко Атанасов одлучи да ја измени својата стартна петорка во која имаше дел до оние условно земено, „помлади“ кошаркари како Миловановиќ и Андоноски, заедно со Слај, Едвин и Баковиќ.

На другата страна, новакот, односно повратникот во друштвото на најдобрите влезе силно мотивиран, да покаже дека со право го изборил статусот на прволигаш. А подобро место и противник „сино-белите“ од Чаир и не можеа да најдат и да посакаат.

Сосема коректно парираше тимот кој го предводи Тони Симиќ во воведната четвртина, која заврши со минимално водство на апсолутниот фаворит – МЗТ Скопје (20:18).

Требаше да изминат 16.минути за аеродромци стигнат до првото двоцифрено водство (33:22), до кое дојдоа со серијата од (11-1).

Потоа се делуваше, би се рекло очекувано...

Гостите заиграа доста поагресивно во оној дефанзивен дел. На противникот му дозволија да реализира само шест поени во скоро девет минути од играта во тој втор период.

За уште повисоки (40:24).

А комотни 15. поени позитива имаше бранителот на шампионската титула (42:27) по 20.одиграни минути.

Индивидуално гледано, кај гостите, со 13. поени, се издвои Слај, на спротивната страна пак парираше Арчи, со ист број на реализации.

Во второто полувреме, поточно оној трет дел од играта, „металците“ имаа и плус 25 (64:39), за на истекот од тој период, домашната екипа со шест поени по ред, да „симне“ дел од високата негатива (45:64).

Оној последниот беше само обична формалност, но и можност за двата тренери да ги пробаат сите расположиви сили со кои влегоа во новата натпреварувачка сезона.  

Андоноски постигна најмногу, 21.поен, (со висок процент на реализација,10/12 за два поени), имаше и шест скока за МЗТ Скопје Аеродром. Маслинко дојде до бројка од 17.реализации, Копривица даде 14, додека Слај ги следеше со 13. реализации. На другата страна, Арчи беше најефикасниот играч во домашниот тим, заврши со 18. поени, а Златевски имаше 12.поени.