Во последниот меч од 7. коло од Првата „Мтел“ лига, во Битола, големо изненадување, едно од најголемите во досегашниот дел од сезоната во кој се одиграа седум првенствени рунди.
Го приредија кошаркарите на Шкупи, кои го шокираа фаворизираниот состав на Пелистер, и заслужено се радуваат на голем триумф кој ги носи кон средишниот дел од табелата со скор (3-4) пред паузата.
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 86:90
Изненадувачки, но и некако реално делуваа оние (45:45) на крајот на првото полувреме од дуелот помеѓу Пелистер и Шлкупи. Дури и добар за домашната екипа која важеше за голем фаворит, ако се земе в предвид дека Шкупи имаше периоди на одлична игра, во кои гостите од Скопје дури имаа и предност. Како на пример во 17.минута, кога водеа со (39:34).
Но во последните три минути од првото полувреме, „пелистерци“ направија серија од (9-1) со која поведоа (43:40), но не и нешто повеќе од тоа.
Бојиќ, по долга пауза, се врати во составот од Битола со десет поени во тој прв дел од играта, исто колку што реализираше и Антоан.
На другиот дел од теренот, одлични минути за Арчи, кој даде 14, поени, н и Стојановски кој беш „тука некаде“, со 11. реализации.
Дека не се дојдени во Битола само за да (од) играат, гостите од Скопје го најавија тоа во третиот дел од играта оној во кој се стекнаа и со сосема солидно водство, од пет поени (64:59).
Но се задоволија со тоа, напротив... На две минути пред крај имаа и двојно поголема позитива, од десет поени (81?71).
А потоа одигра почетнички, за што за малку ќе беа и максимално казнети. Дозволија Пелистер да стигне и до изедначување (86:86), кога останаа да се доиграат 15.секунди.
А во нив, во херој на Шкупи се претвори Арчи. Доби на подарок две слободни фрлања (од Ташовски) ги реализира, за водство (88:86), а потоа нов подарок им даде и Антоан, исто така го казни Арчи за огромно изненадување во салата „Боро Чурлевски“.
Го креираше комплетнатѕа стартна петорка на Шкупи во која Арчи заврчи со дабл-дабл д 26.поени и 12.скока, двоен беше и ефекрпот на Вилијамс (20.поени и 13.скока), но и оној на Стојановски од 23.поени и 10.скока), додека Трибл финишираше со 12, а Злаѕевски додаде уште девет поени.
Кај Пелистер, трагичарот Антоан (ја загуби клучната тројка) броеше до 26, а Бојиќ имаше 19.поени.
Поради репрезентативната акција на нашиот машки сениорски национален тим во текот на оваа недела, наредното, осмо, првенствено коло ќе се игра на 30.номеври.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО
Пелистер – Шкупи 86:90
ТФТ – Чаир 2030 92:94
Гостивар – Кожув 66:68
Тиквеш Голден Игл – Работнички 81:85
МКК Куманово – Феникс 2010 73:66
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 79:110
ТАБЕЛА: Чаир 2030 13, ТФТ 13, МЗТ Скопје Аеродром 12, Пелистер 12, Работнички 12, Кожув 11, МКК Куманово 10, Шкупи 10, Гостивар 9, Тиквеш Голден Игл 9, Феникс 2010 8, Вардар 7;
ИДНО КОЛО (30.11)
Вардар – ТФТ
Работнички – Пелистер
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув
Шкупи – МКК Куманово
Феникс 2010 – Гостивар
Чаир 2030 – Тиквеш Голден Игл