Слави Чаир голема победа, извесно и најголема за нив во првата фаз аод првенството. Пред својата публика, во натпревар кој траеше 45.минути, во кој имаше од се по нешто, беа за едне поен подобри од актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром.
Можеше да биде и обратно, но и решено во регуларниот дел, во кој Какруки ја пропушти шансата, прва, да му донесе победа на својот тим.
На крајот, во слична ситуација беше и Слај, но не беше прецизен кога за тоа му беше најпотребно на тимот од Аеродром...
ЧАИР 2030 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 95:94
Доста изедначено се играше во дерби дуелот на 5. првенствено коло. Со забелешка дека во оној втор период од играта, домашната екипа сепак се стекна со некаква предност. Но не и некоја „сериозна“, како што и стоеше на семафорот во салата „Шабан Трстена“ во Чаир на истекот на првото полувреме (44:40).
Период од играта во кој блескаа Кели (постигна 15.поени) на домашната, односно Слај на гостинската страна (14.поени без промашување во шутот од поле).
Во сличен стил се одвиваа настаните и по одморот. Ниту една од двете екипи не успеа да се стекне со некое опипливо водство. Имаше доста промени на водството, макар и оние минимални, па во четвртинаата на одлука Чаир 2030 и МЗТ Скопје влегоа со подеднакви шанси за конечен успех.
Нерешено (65:65) беше и по две и пол минути игра од подледната четвртина, кога капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски ги постигна своите први (три) поени на натпреварот.
Егал беше резултатот и на средина од последниот дел, (73:73). А и на влезот во последната минута (77:77. Но само до моментот кога еден од најискусните играчи на МЗТ Скопје, Бојан Крстевски не погоди уште една тројка, за промена на водството, на гостинската страна (80:77).
И само 28.секунди до крајот на мечот...
По само три одминати, Ролинс погоди све слободни фрлања, и намали на (79:80), последниот напад го имаа гостите од Аеродром. Но не траеше долго, затоа што некоја секунда подоцна, беше фаулиран Слај, кој се реваншираше на идентичен начин, мирно реализираше два „пенали“ за плус 3, (82:79).
„Мирен“ беше и Мофит за (811:82), по што уследи неверојатна грешка на Слај (не ја уфрли топката во игра во рок од пет секунди), шанса да му донесе победа на тимот од Чаир доби Какруки.
Доби две слободни фрлања на 2.6 секунди пред крајот. Го погоди првото, но не и второто кое требаше да биде победничко за Чаир 2030.
Па мораше да се играат дополнителни пет минути.
Во нив, прво две тројки на гостите (Крстевски и Маслинко) за нивна предност, која од линијата за слободни фрлања успеа да ја тргне Мофит (93:92). Но Слај продолжи да погодува од истата позиција, и го врати водството (94:93). Но само за миг, затоа што Мофит беше „во серија“ за нова промена (95:94).
Имаа девет секунди „металците“ да направат нова промена и да победат. Но шутот (од тешка позиција) на Слај не беше доволно прецизен, па победата им припадна на чаирчани.
Го имаа одличниот Мофит кој се претвори и во меч-винер, не само поради оние 31.реализиран поен (плус четири скока и две асистенции), Кели кој финишираше со 24.поени и девет скока. Своја роља имаше Ролинс со 19.поени и пет скока, но и Какруки кој заврши си 11.реализации и осум скока.
Крстевски беше стрелец на 21.поен за МЗТ Скопје, Слај заврши со 18, Едвин имаше 13, а Маслинко уште 12.поени.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5. КОЛО
Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром 95:94
2. НОЕМВРИ (САБОТА)
12.30: ТФТ – Шкупи
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/TedAABh3yQ0?si=Io24UCz1kjqTAs3D
14.00: Вардар – Работнички
Сала на КК „Вардар“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/aaSypGh9MW4?si=kswdqANim7ALbj4Q
18.00: МКК Куманово – Гостивар
Сала „Перо Наков“ – Куманово
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2Nhl9vur54E?si=bGva-yAxSVrPM7Xj
18.30: Пелистер – Кожув
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/lD6ls_x61bM?si=h29xOdTT2NIKJIL8
3. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)
18.00: Тиквеш Голден Игл – Феникс 2010
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sKV8ezRQl3U?si=akuTn2JOe-q8vRD5
ТАБЕЛА: Чаир 2030 9, МЗТ Скопје Аеродром 8, ТФТ 7, Работнички 7, Пелистер 7, Кожув 6, Гостивар 6, МКК Куманово 5, Тиквеш Голден Игл 5, Феникс 2010 5, Шкупи 5, Вардар 4;