07.12.2024

Имаа „црно-белите“ постојано водство, на крајот го валоризираа во победа (75:70), против МЗТ Скопје за моментално прво место на табелата

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: ТФТ ја продолжи кризата на шампионот

МЗТ Скопје Аеродром е во криза на резултати, но и играчка. Шампионот „го потврди“ тоа со уште една бледа игра, наиде на едно мотивиран противник каков што е ТФТ, кој ги искористи сите слабости на екипата од Аеродром, и го доби дерби дуелот на 9. коло од првата „Мтел“ лига.

Доволно за прво место на табелата, макар до одигрувањето на следниот меч на нивниот конкурент, Чаир 2030...

ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 75:70

Домашната екипа беше првата која стигна и до двоцифрена предност во дерби дуелот на 9.коло од Првата лига.

По тројката на Зафиров, имаа „црно-белите“ предност од (24:13) кога се играше деветтата минута.

Но со серија од (10-0), која ја отворија на крајот на првата четвртина, а ја продолжија во првите минути од втората, шампионот се врати „назад во натпреварот“. Намали МЗТ Скопје на (23:24), но шампионот не успеа да направи комплетен резултатски „кам-бек“. Предводени од расположениот Говенс (14.поени во првиот дел од играта), домаќините се одбранија од тој налет. Па макар и во нешто понервозна игра, успеваа да ја одржат позитивата, која на крајот на полувремето беше сосема солидни (43:36).

Многу поагресивно ТФТ го почна и второто полувреме, доволно одново да се одви на позитива поголема од десет поени. Токму преку Говенс (негов 17.поен), односно серија од (8-2), стигнаа од највисоки (51:38).

И ран тајм-аут на тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов...

Но Говенс продолжи да создава сериозни проблеми на гостинската одбрана, и да ја „чува“ таа висока предност. На Другата страна и немаше премногу расположени поентери, со исклучок на Војдан Стојановски кој беше првиот во сино-бела комбинација на опремата кој ја надмина бројката од десет поени. Макар што најголем дел од нив од линијата за слободни фрлања.

И само „благодарение“ на доста подобрената игра на одбраната во онаа финална четвртина, првакот успеа да фати комплетен резултатски приклучок. Поточно на половина од тој последен период, беше во негатива од четири поени (64:68).

По тројката на Едвин, аеродромци беа на уште пониски (67:70), имаа и напад за изедначување. Но не го реализираше Баковиќ, на другата страна. Казни, кој друг ако не, Говенс, за (72:67), а Гафни за уште повисоки (74:67).

Едвин даде малку надеж со „два плус еден“ игра за (70:74), но време за МЗТ Скопје веќе немаше.

Говенс застана на 24.поени, Гафни додаде 14, Николов 13, а Зафиров уште 10.поени за ТФТ.

Кај МЗТ, В.Стојановски даде 13, а Слај и Едвин уште по 10, премалку за квалитетите на екипата која го брани шампионскиот трофеј на овој натпревар.  

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 9. КОЛО

ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 75:70

Гостивар – Шкупи (во тек)

Кожув – Феникс 2010 (во тек)

МКК Куманово – Работнички   (во тек)

8.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Тиквеш Голден Игл – Вардар

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/JBnkKvFGkss?si=gcSotLEgqjSSsZo3

18.30: Пелистер – Чаир 2030

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Tbp248vuqic?si=jefuZFs3vGzAlpBN

ТАБЕЛА: ТФТ 17, Чаир 2030 15, МЗТ Скопје Аеродром 15, Работнички 13, Пелистер 13, Кожув 12, МКК Куманово 12, Шкупи 11, Гостивар 10, Тиквеш Голден Игл 10, Феникс 2010 10, Вардар 8;