Беа блиску до изненадување, играа одлично некои 23-24 минути на гостувањето во салата „Јасмин“, но на крајот, екипата на Вардар остана без изненадување, односно победа над Тиквеш Голден Игл.
Кавадарчани „се свестија“, би с ерекло, навреме, направија голем пресврт, и спречија изненадување пред својата публика.
ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ – ВАРДАР 78:72
Веројатно најдоброто прво полувреме во сезоната одиграа младите кошаркари на Вардар, вечерва во салата „Јасмин“. Комплетно го изненадија домашниот тим, а го најавија тоа веќе во оној воведен дел од мечот, во кој се стекнаа со сосема солидна предност (23:16).
Она што беше забележливо, но во играта на Тиквеш Голден Игл, што сите тие 16.поени беа дело на само двајца расположени кошаркари, Глигоријевиќ и Пантелиќ.
Овој двоец на кавадаречкиот прволигаш продолжи да поентира и со стартот на вториот период, и за разлика од еден ваков перформанс, оној на гостите беше и изгледаше далеку поколективно.
Тоа и даде резултат, „црвено-црните“ продолжија со исто темпо да ја градт и зголемуваат позитивата која до полувремето „порасна“ и во двоцифрена (43:32).
Ист беше и впечатокот од прикажаното на кавадаречката екипа. Пантелиќ и Глигоријевиќ имаа 26. од тие 32.поени во тоа прво полувреме.
На другата страна, двоцифрен беше Наков, даде 12. поени, поголем дел од нив во првиот период во кој „вардарци“ испратија порака за изненадување.
Така и продолжија скопјани, кои го отворија третиот период со серија од (9-0) за да дојдат до највисокиот плус, од 20.поени, (52:32).
Но кавадарчани имаа „реакција“, прво во вид на серија од (12-3), со која „се спуштија“ на (44:55), кога се играше 25.минута. А потоа со дополнителни, односно нови (9-3), во неполни две минути, дојдоа и до достижни (53:58).
До истекот на тој трет период, кој го добија со (24:17), кошаркарите на Тиквеш Голден Игл беа уште поблиску, имаа, минус 4, (56:60).
А по три минути игра во последниот, домашната екипа поведе со (62:60). Конечно, и Глигоријевиќ и Пантелиќ добија помош во офанзивата од Квери, пота и новакот Клергот (заедно 17.поени).
Цели шест и пол минути гостите беа без поени во последниот период. За тоа време Тиквеш Голден Игл дојде до повисоки (67:60), кои на крајот и пресудија.
Пантелиќ заврши со 30.поени, Глигоријевиќ даде 20, додека на другата страна, Наков заврши со 19.реализации, Настовски имаше 15, Марјановиќ 12, а Младеновски уште 10.поени.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО
Тиквеш Голден Игл – Вардар 78:72
Пелистер – Чаир 2030 (во тек)
МКК Куманово – Работнички 85:83
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 75:70
Гостивар – Шкупи 79:65
Кожув – Феникс 2010 86:73
ТАБЕЛА: ТФТ 17, Чаир 2030 15 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 15, Работнички 13, Кожув 14, Пелистер 13 (-1), МКК Куманово 12, Гостивар 12, Шкупи 12, Тиквеш Голден Игл 12, Феникс 2010 11, Вардар 9;
ИДНО КОЛО (14.12)
Вардар – Пелистер
Работнички – Гостивар
ТФТ – Тиквеш Голден Игл
МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010
Шкупи – Кожув
Чаир 2030 – МКК Куманово