Една одлично одиграна четвртина, онаа втората, им беше доволна на кошаркарите на Тиквеч Голден Игл да дојдат до својот прв успешен настап во новата натпреварувачка сезона.
ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ – ГОСТИВАР 80:75
Една одлично одиграна четвртина, онаа втората, им беше доволна на кошаркарите на Тиквеш Голден Игл да дојдат до својот прв успешен настап во новата натпреварувачка сезона.
Откако Гостивар ја доби првата четвртина (21:19), во онааа наредната кавадарчани не само што го свртеа резултатот во своја корист, туку искреираа и убедливо двоцифрено водство (44:33).
Тоа некако и го определи понатамошниот тек на средбата во „ЈасмиН“. Тиквеш упорно го бранеше и успеа во обидите да го одбрани тоа водство, и да стигне до победата.
Макар што во финалната минута гостиварци се доближија и на (72:76), а нешто подоцна, поточно на 15.секунди пред крајот, и на негатива од само три поени (75:78), победата остана за Тиквеш Голден Игл, ја потврди, со две слободни фрлања – Младеновиќ.
И уште еднаш одлична индивидуална изведба имаше Мајкл Грин, кој овојпат застана на бројката од 30.поени (но и девет асистенции и шест скока). Радуваат, секако за стручниот тим на кавадарчани, оние 13. поени кои дојдоа од Коскоски, додека Херистон придодаде уште 10.
Кај Гостивар, каде недостасуваше Митевски, Роудс реализираше 20.поени, Грушановиќ имаше 18, некогашниот „кавадарчанец“, а сега стартер на Гостивар, Соколов дополни со 17.поени (пет скока и три асистенции), додека Зивчевиќ запре на 12.поени (и четири скока).
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО
Тиквеш Голден Игл – Гостивар 80:75
Вардар – Феникс 2010 72:77
ТФТ – Кожув 79:77
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (во тек)
Чаир 2030 – Шкупи (во тек)
20. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
19.00: Пелистер – МКК Куманово
Сала „Боро Чурлевски“ - Битола