Кошаркарите на МКК Куманово тигнаа до вториот првенствен триумф во новата натпреварувачка сезона. Пред своите верни „кумани“ беа подобри од екипата на Гостивар, па по пет кола се на ефект (2-3), каков што имаат и гостиварци.
МКК КУМАНОВО – ГОСТИВАР 71:62
Гостите од Гостивар беа подобар ривал во првиот период, во кој се стекна аи со водство од (22:18).
Но се друго на дуелот во салата „Перо Наков“ беше на страната на домаќинот – МКК Куманово.
Во последниот, и решавачки период, некако како да се во своите раце презема еден од најискусните во составот на Куманово, Марјан Јанески.
Со неговата серија на поентирање кумановскиот прволигаш стигна до сериозна предност (62:50) некаде кон средината на тој последен период од играта.
Не помогна ниту тајм-аутот кој го зема тренерот на гостиварци, Љупчо Малинков, затоа што серијата на МКК Куманово продолжи.
Јанески набрзина стигна до десет реализации им се придружи на Радукиќ (15), Луковиќ и Волер (15) кои постигнаа најголем дел од поените за домашната екипа во претходниот временски период.
Екипата од Куманово стигна и до највисоките (66:50), кои се покажаа како тешко достижни за противникот, мака ршто до крајот на средбата останаа нешто помалку од пет минути.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5. КОЛО
МКК Куманово – Гостивар 71:62
Пелистер – Кожув (во тек)
Вардар – Работнички 71:79
ТФТ – Шкупи 82:73
Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром 95:94
3. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)
18.00: Тиквеш Голден Игл – Феникс 2010
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sKV8ezRQl3U?si=akuTn2JOe-q8vRD5
ТАБЕЛА: ТФТ 10, Чаир 2030 9, Работнички 9, МЗТ Скопје Аеродром 8, Пелистер 7 (-1), МКК Куманово 7, Гостивар 7, Кожув 6 (-1), Шкупи 6, Тиквеш Голден Игл 5 (-1), Феникс 2010 5 (-1), Вардар 5;