Во последниот натпревар од првото коло во новото издание на Првата „Мтел“ лига, екипите на Чаир 2030 и на Кожув одиграа натпревар исполнет со едне голме играчки и резултатски пресврт. Го „режираа“ домашните кошаркари кои издмонираа во второто полувреме во кое го надополнија заостанувањето, двоцифрено, кое го имаа во првата фаза од натпреварот во салата „Шабан Трстена“. во Скопје.
ЧАИР 2030 – КОЖУВ 99:79
Екипата од Гевгелија подобро го отвори натпреварот во салата „Шабан Трстена“. Како некоја првична најава дека екипата на Кожув е подготвена за изненадување уште на премиерата на новата сезона.
Во деветтата минута, токму по заслуга на Стевановиќ, гостите имаа и двоцифрен вишок (26:15), кој две минути подоцна беше нешто понизок, (28:20).
Но на овој меч се прашуваа и домашните кошаркари, кои од минута во минута се враќаа и играчки, и што е поважно, и резултатски. Во нападот проработе двоецот Мофит-Кели (искомбинираа 23.поени), па до големиот одмор Чаир 2030 се врати и дефинитивно, заостануваше домашната екипа само „пола кош“ (40:41).
Практично, беше поништен одличниот ефект на Стевановиќ, кој изброја 22. поени за нецели 20.минути на теренот, додека младиот Колев го следеше со 12. реализации.
По одморот, чаирчани продолжија в исто темпо, стигнаа и до комплетен резултатски пресврт. Поточно поведоа (45:41), потоа и (49:44). Но Колев и Стевановиќ, на кои во поентирањето им асистираше и Бојчев (третиот со двоен број на поени), не даваа Чаир 2030 да има и поголема предност. Стигнаа гостите до егал (49:49), но само за кратко, чаирчани продолжија со ефикасната игра, и го чуваа водството, кое во 28.минута беше и највисоко, (65:57).
По три одиграни четвртини, Чаир 2030 имаше и двоцифрен плус (70:59).
А серијата од дури 11. неодговорени поени, која донесе (81:59), го дотолчи противникот, па тимот кој го предводи Ерхан Рамадан можеше да ја почне прославата на првиот триумф во новата првенствена сезона.
Повратникот во екипата од Чаир, Мофит забележа 26.поени (и седум успешни додавања). Кели имаше двоен ефект од 22.поени и 13.скока. Двоен број на поени, 14, имаше екс-репрезентативецот Какруки, Александровски даде два помалку, додека уште десет поени даде новакот Кирк.
Одличниот Стевановиќ застана на ефект од 39.поени (и шест скока односно четири асистенции), својата добра индивидуална изведба Колев ја заокружи со 16.поени, но и седум скока и две додавања, додека Бојчев дополни со 12. поени.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
Чаир 2030 – Кожув 99:79
Тиквеш Голден Игл – Пелистер 84:96
Вардар – Гостивар 70:76
Работнички – Феникс 2010 90:85
Шкупи – МЗТ Скопје Аеродром 59:95
ТФТ – МКК Куманово 81:70
ДВОЈКИ 2.КОЛО (12/13.ОКТОМВРИ)
Шкупи – Работнички
Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
Гостивар – ТФТ
Феникс 2010 – Чаир 2030
МКК Куманово – Тиквеш
Кожув - Вардар