03.06.2017

Прва победа за БиХ на пријателскиот турнир

Во интересен и резултатски неизвесен дуел, националната селекција на Босна и Херцеговина ја совлада соодветната селекција на Бугарија со 66-70 односно 12-12, 15-15, 22-20, 17-23 по делници.

Одлуката на босанските репрезентативки да се чува сопствената половина од теренот со зонска одбрана се покажа како погрешна особено во период кога на кошаркарките од Бугарија и тоа како им одеше од рака шутот од далечина. И покрај прецизноста на Бугарките зад линијата 6,75 метри, сепак избраничките на Брчаниновиќ успеваа да се изборат за егал - 12-12, 15-15 по две одиграни четвртини. Во вториот дел од натпреварот се разбудија шутерите од БиХ и направија серија од пет поени за водство од 49-54, највисоко на натпреварот. Бугарките го забрзаа темпото на игра и одново изедначија (58-58). Следеше период во кој двете селекции наизменично си го предаваа водството кое не надмина еден поен. Со долги подавања, Босанките го одложуваа последниот напад, во кој реализираа три поени за конечни 66-70.

 

Стрелци на натпреварот
Бугарија: Иванова (20 поени), Динева (13), Војнова (10)
Босна и Херцеговина: Брчаниновиќ (27 поени) , Ковачевиќ (12), Марковиќ (11)