Тимот на ХЛА Аликанте за кого настапува македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски, стави крај на серијата на негативни резултати во „Леб Оро“ лигата на Шпанија.
И тоа во дуелот против екипата на Баскет Џирона (74:62), што е нивниот прв позитивен резултат во 2021 година.
Стојан Ѓуроски одигра 19. минути на овој натпревар. Период во кој реализираше пет поени и еден скок
По 14. одиграни натпревари, со скор 10-4, и натпревар повеќе, ХЛА Аликанте е на првото место на табелата, во групата „Б“ од „Леб Оро“ лигата на Шпанија.
Во следното коло, ХЛА Аликанте ја пречекува екипата на Алманса.