Она што го најавија, кошаркарите на Академија ФМП го реализираа. По големата победа во претходното коло против Работнички, „пантерите“ беа уште посигурни во дуелот со Вардар.
На крајот славеа убедливо, за нивен втор успех во низа со кој излегоа од онаа „опасна зона“ од македонската Прва лига.
ФМП АКАДЕМИЈА – ВАРДАР 95-66
(20-21; 26-11: 25-15; 24-19)
Одлично почнаа гостите на дуелот во Кисела Вода. Избраниците на Дарко Радуловиќ ги погодија првите пет пута вредни по три поени. Поведоа со (15-8), и го натераа тренерот на Академија ФМП, Игор Гацов да побара минута одмор.
Домашната екипа заигра малку поефикасно, но „вардарци“ го одржаа водството, барем до истекот на првата четвртина (21-20).
Се беше поинаку во вториот период од играта. Оној во кој Даниел Нацевски отвори одлично во нападот. Со поддршка од американскиот двоец, Херис-Лонг, конечно стигнаа до посакуваното – водство.Поведоа во првиот напад од втората четвртина откако Нацевски погоди за три. Вовед за одлично офанзивно издание на Академија ФМП кое им донесе и двоцифрена предност (33:23), откако Нацевски го реализираше својот 15.поен.
Но домаќините не се задоволија со тоа, го искористија тој моментум во нивната игра и до големиот одмор реализираа уште поголеми (46:32).
Како одминуваа минутите, така Вардарци како да не постоеја на теренот во салата „Независна Македонија“. Нацевски го продолжи своето шутерско шоу. Некогашниот играч на Вардар, сега лидер на Академија ФМП, реализираше 29. поени (5/5 за три поени и 11/16 во шутот од игра), имаше и девет асистенции, три скока, плус две освоени топки, за индекс – 39.
Најефикасниот играч во Првата лига, Херис застана бројката од 21. реализација.
Интересно, на американскиот бек му недостасуваше само уште едно успешно додавање за да оствари троен ефект.
Со 13. реализирани поени, Дамјан Робев беше единствениот играч во гостинската екипоа кој ја надмина цифрата од десет поени (имаше 13).
По седум одиграни кола, сега Академија ФМП има скор (2-5), Вардар е зад нив со (1-6).
ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ 66-80
(6-19; 14-19; 16-19; 20-23)
Доста неефикасно прво полувреме одиграа ривалите на дуелот во битолски „Младост“. Макар што во првите 20.минути гостите од Гевгелија беа тие кои ги диктираа и темпото во играта, и секако во резултатот. Имаа постојано водство, го држеа буквално од првата минута од играта. Стана двоцифрено во последната минута од полувремето кога искусниот бек на Кожув, Димитар Караџовски постави (38:28) на семафорот.
Интересно, кошаркарите на Кошув реализираа по 19. поени од секоја од трите четвртини, доволно во последната да влезат со двоцифрена предност од (57:46).
Со добрата игра во одбраната избраниците на Александар Јончевски едноставно не им дадоа нова шанса на „пелистерци“ за се вратат назад во мечот.
Репрезентативецот Бобан Стајиќ уфрли 21.поен, 15 имаше Димитар Караџовски, а еден помалку Мареро.
Во домашната екипа, двоен број на поени останаа запишани зад Казарновски (14), и Враниќ (12).
За Кожув ова беше петти успех од почетокот на новата сезона со кој останува во горниот дел од табелата, за Пелистер пак е петти пораз во седум натпревари.
КУМАНОВО - МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 95-65
(19-20; 24-18; 24-20; 28-7)
Младиот, или втор тим на МЗТ Скопје, се рефикс Уни Банка пружи сериозен отпор на гостувањето во Куманово. Помалку изненадувачки, најмногу за домаќинот на овој меч, младите „металци“ беа во постојано водство. Не само што го добија првиот период со (21:20), туку добрите минути „траеја“ се до средината на втората четвртина кога „сино-белите“ од Куманово почнаа да играат доста посериозно во однос на оние уводни минути.
Веројатно сфатија дека не смеат да го потценат тимот од другата страна на теренот. Навистина направија резултатски пресврт, но ништо повеќе од она што го имаа на полувремето (43:38).
По релативно израмнетиот трет период, серијата од (11-0) во уводните две и пол минути од последниот, значеа и кршење на отпорот на гостите од Скопје. Куманово се одвои на плус 20 (78:58), и ја завери планираната победа. За нив четврта во седумте одиграни средби од Првата лига, за ефект (4-3).
МЗТ Скопје Уни Банка останува единствената екипа без победа.
Петмина кошаркари на Куманово завршија со двоцифрен број на постигнати поени. Од нив,21 даде Т. Атанасов, 16 имаше Тодоровиќ, додека пак на другата страна како „двоцифрени“ завршија Андоновски (13), Величковски (12) и Тодоровски (10. поени)