22.06.2022

Постарата национална селекција славеше со (81:61) на проверката во Маврово

Првата „контрола“ за селекцијата „Под 20“ години

Моментот на преселба, на селекцијата „Под 20“ години која денеска се „спушташе долу“ кон Скопје, и на две години помладата, кој вториот дел од подготовките ќе го помине во Маврово, беше добра можност за селекторите Никола Василев и Тони Симиќ да ја направат првата проверка.

Односно да се уверат во моменталните можности на кандидатите за место во овие две селекции кои ова лето ќе се борат за што подобар пласман на Европските шампионати во Тбилиси (У-20), односно во Измир (У-18).

Во договор на двата предводници се сметаше само резултатот, кој на крајот покажа дека младинскиот состав е подобар за 20. поени. Односно дека победи со резултат (81:61).  

По оваа „контрола“, прва за двете селекции, младинците се враќаат во Скопје, а своите активности во наредните седум дена јуниорите ќе ги поминат на нашата планинска убавица.