23.11.2022

„Ќе дебитирам против Белгија, и ќе се обидам да возвратам со добра партија“ - порачува новиот члeн нa нашиот национален тим

Први импресии на Мерит Хемпе:„Тука ми се допаѓа се, од приемот, до поддршката која ја имам од сите“!

Мерит Хемпе треба да биде најголемото засилување на подмладената селекција на Македонија во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“ од евро-квалификациите. Снажната Американка, сега и со македонски пасош, е од првиот тренинг со своите нови репрезентативни колешки.

И во овие неколку дена создаде своја „слика“ за оваа, за неа сосема нова ситуација. Освен играњето на евролигашко, да се обиде да го пренесе својот играчки квалитет и на она репрезентативно ниво.

Во дресот на нашата женска сениорска репрезентација, пред која се следните предизвици, дуелите со селекциите на Белгија и на Германија.

„Моите први впечатоци се добри, ми се допаѓа тимот и како ме пречекаа и ме примија сите. Уживам во времето, а очекувањата се да се вклопам во тимот и да помогнам што е можно повеќе, без разлика на мојата позиција. Сакам да се игра силно и физички, да помогнам за подобри резултати. Лесно се најдов себеси овде и среќна сум што сум тука“- вели Мерит за оние свои првични импресии по доаѓањето од Прага во Скопје.

Официјалното деби Хемпе ќе го има утре навечер, во Ловен, каде од 20.30 часот, (пренос на Sportklub 3 HD)  нашата нашата најдобра женска селекција и гостува на силната Белгија. Нашиот адут во рекетот е запозната со квалитите на белгискиот национален тим. Дури и познава неколку нивни кошаркарки со кои имала прилика да игра во изминатиот период.

„Можам да кажам дека навистина ми се допаѓа Македонија, и сакам да изразам благодарност за можноста да бидам овде. Ќе дебитирам против Белгија, ќе се обидам да возвратам со добра партија во текот на сите 40 минути, и се надевам дека ќе бидеме компетитивни. Пријателка сум со Антониа Делар, играв со неа во претходната година. Исто така и со Серене-Лин Гелдоф. Ќе биде убаво што пак ќе ги видам, но и да се натпреварувам“ - порачува новиот член на нашиот женски национален тим пред својот прв натпревар како репрезентативка на Македонија.