18.12.2020

Кој ќе биде зимскиот 3х3 шампион?

Првиот турнир од зимската 3х3 лига закажан за 27. декември

Започнува финалното одбројување до премиерата на зимската 3х3 лига под организациска капа на КФСМ, во соработка со здружението „3х3 Macedonia“. 
Во рамки на зимската лига, предвидено е да се одиграат четири квалификациски турнири и еден финален турнир, во текот на зимскиот период. Сите турнири ќе бидат FIBA Endorsed.

Првиот турнир е закажан за идниот викенд, 27. декември. Турнирот ќе се одржи во СРЦ „Кале“ (голема сала).
Турнирите ќе се одвиваат согласно Протоколите за заштита и превенција од ширење на COVID-19.

Зимскиот шампион ќе добие парична награда во висина од 2.000 евра и слот за учество на FIBA Challenger, второпласираниот ќе добие парична награда во висина од 1.000 евра додека третопласираната екипа ќе добие парична награда во висина од 500 евра.