10.11.2020

„Металците“ не ја сочуваа предноста од осум поени, и загубија од Подгорица (72:74) на премиерата во АБА 2 лигата

ПРВО КОЛО ОД АБА 2 ЛИГА: МЗТ Скопје Аеродром остана покус за два поени и победа

Пораз на Работнички, пораз и на МЗТ Скопје Аеродром во првото коло од новата сезона во АБА 2 лигата. 

Составот од Аеродром имаше добра игра и водство во три четвртини од играта. Но доста лошо ја одигра последната, за што на крајот и беше казнет од страна на уште една екипа која важи за дебитант во ова регионално натпреварување. 

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПОДГОРИЦА      72:74

Навистина сиромашна, и играчки и резултатски, беше првата четвртина од овој меч. Двете екипи тешко доаѓаа до поени. Доказ плус за тоа е дека првите поени, од игра, за МЗТ Скопје Аеродром дојдоа по повеќе од седум минути игра. Односно кога Бојиќ погоди за минимално водство (10:8) за нашиот претставник.

Високиот Србин во редовите на МЗТ Скопје Аеродорм беше и првиот играч со двоцифрен број на поени. Го достигна по нецели четири минути од вториот период, кога донесе водство за својата екипа (26:25).

Дел од играта кој помина во доста израмнета игра, со чести промени на водството на двете страни. Но не поголемо од еден до два поени...

По заслуга на Николов и неговиот точен шут за три поени, или втората тимска тројка, МЗТ Скопје Аеродром дојде до плус од четири поени, (36:32) на 2:36 минути до истекот на првото полувреме.

Дел од играта во кој тренерот на „метлаците“ Ѓорѓи Кочов, постави зонска игра во одбраната „1-2-2“.  Ја проби Робинсон, со својата трета тројка за нерешен резултат (38:38). Но екипата од Аеродром го доби тој дел од играта со (40:38) откако пред звукот на сирената погоди, кој друг ако не, Андрија Бојиќ.

За својот 20 поен, во  исто толку минути од играта.

Второто полувреме, односно третата четвртина, се чини дека беше и најдобрата за нашата екипа на оваа средба. Затоа што „сино-белите“ изградија и позитива од осум поени (62:54). И долго време го бранеа тоа водство. До 35.минута од играта кога Мусиќ ја донесе промената на резултатот (65:63) во корист на екипата од Подгорица.

Без вистинска подршка од клупата, МЗТ Скопје Аеродром почна да го губи чекорот, пред се во оној офанзивен дел од играта. Долго време беа избраниците на Коов без поени од игра. Противникот го искористи то, и анегативата од осум поени ја претвори во позитива.

Повеќе од пет минути од последната четвртина МЗТ Скопје Аеродром беше на бројката од два даденипоени. Пред Олуџоби (претходно брзо собра четири лични грешки) да поентира за егал-скор (67:67).

Олуџоби го врати водството на страна на нашата екипа, (70:69). Во последните две минути од играта, Копривица погоди за (71:70). А Мусиќ донесе и повисоки (73:70 )за Подгорица, на 26.секунди пред крајот. Гравет ја врати неизвесноста, за (72:73). А  потоа голема грешка на „металците“, односно на истиот играч, кој се „предрибла“, и практично му ја подари победата на подгоричкиот тим, (72:74).  

По овој меч, двата наши претставници имаат уште еден ден за одмор. Следните мечеви ги играат во четврток.  А според програмата на турнирот на Златибор, од 17.часот, Работнички ќе игра против вечерашниот противник на МЗТ Скопје, додека „аеродромци“, од 21. часот играат против екипата на Сутејска од Никшиќ.