11.10.2021

Викендов стартуваше и новата сезона во Првата лига во женска конкуренција

ПРВО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Сигурен старт на фаворитите

Односно поквалитетната група „А“ во која во оваа сезона се наттпреваруваат осум екипи.

А натпреварите од премиерното коло не донесоа некои сериозни изненадувања. Фаворитите, екипите на Бадел 1862, Баскет КАМ 2011 и Вардар стартуваа со убедливи победи.

Во најинтересниот натпревар од првото првенствено коло, претендентот за шампионската титула, Бадел 1862 ја совлада екипата на ЖКК Крива Паланка со резултат (87:61). Големото искуство и квалитет на „баделки“ беа пресудни за крајниот исход на натпреварот, во кој нјефикасни во редовите на домашната екипа беа Цветанка Димова со 27, и Нена Трајчевска со 22 поени. Во редовите на Крива Паланка, Михаела Алексовска постигна 21, а Марија Петровиќ дополни 20 поени.

Шампионот, КАМ Баскет 2011 немаше никакви проблеми против Пробаскет (99:58), додека Вардар славеше убедлив триумф на гости кај МЗТ Скопје Аеродром (73:40).

Во натпреварот помеѓу екипите на Работнички и Струга 2009, стружанки со убедливиот триумф  (78:49) испратија порака дека во новата сезона ќе се борат за висок пласман.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Вардар         40:73

Баскет КАМ 2011 – Пробаскет 99:58

Бадел 1862 – Крива Паланка   87:61

Работнички – Струга 2009         49:78

ИДНО КОЛО (16.10)

Пробаскет - Вардар

Баскет КАМ 2011 – Бадел 1862

Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

Крива Паланка - Работнички