Почетокот на новата сезона во Втората лига, донесе би се рекло, очекувани резултати.
Екипите кои, макар и „на хартија“, се во улога на фаворити, ги забележаа првите бодови на своето второлигашко конто.
Можеби исклучок прави победата на кошаркарите на Чаир 2030 на гостувањето кај Партизан Водно Санс (69:65) во групата „Запад“.
Група во која, се чини дека најважната победа ја реализира екипата на Феникс 2010. И тоа на гостувањето во Струмица (76:70).
Најубедливиот триумф го реализираа кошаркарите на Ангели, против КАМ Баскет, изразен со плус од 30.поени (96:66), а убедлив почеток имаше и Борец баскет. Второлигашот од Велес беше сигурен против МКК Куманово (95:76), а вториот тим на Куманово помина лесно преку струмички Ролинг (96:68).
Втората победа на гостински терен на премиерата ја реализираа кошаркарите на Шкупи, против Пробаскет (69:47).
Во Западната конференција, уште четири домашни победи. Хераклеа го доби мечот со младата екипа на Спарта (86:76), Тетекс ТТК немаше никакви проблеми во дуелот со Спорт Тим (88:69).
Вредна победа остварија и кошаркарите на Риниа, против новакот во оваа конкуренција Охрид (77:69), исто таква е и онаа на Мега Баскет во мечот со втората екипа на Пелистер, Медика Карта (69:61).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
ЗАПАД
Хераклеа - Спарта 86:76
Тетекс ТТК – Спорт Тим 88:69
Риниа – Охрид 77:69
Партизан Водно Санс – Чаир 2030 65:69
Мега Баскет – Пелистер Медика карта 69:61
ИДНО 2. КОЛО (14.11)
Спорт Тим – Спарта
Охрид – Хераклеа
Пелистер Медика карта – Риниа
Чаир 2030 – Мега Баскет
Тетекс ТТК – Партизан Водно Санс
ИСТОК
Пробаскет – Шкупи 47:69
Куманово 2 – Ролинг 96:68
Струмица – Феникс 2010 70:76
Ангели – Баскет КАМ 96:66
Борец Баскет - МКК Куманово 95:76
ИДНО 2. КОЛО (14.11)
Феникс 2010 – Шкупи
МКК Куманово – Пробаскет
Ролинг – Борец Баскет
Баскет КАМ – Куманово 2
Струмица - Ангели