ФОТО: Момент од натпреварот Соколи 1933 - Баскет Кам
Овој викенд беше резервиран за почеток на натпреварите во Втората лига. Сега со битно изменет систем и 12. екипи-учесници.
А според првите резултати, се чини дека неколку екипи би можеле да се вбројат во група на фаворити, макар што пред нас се 22. кола од регуларниот дел, а потоа и плеј-оф возбудувањата.
Како и да е, премиерното коло донесе неколку убедливи победи. Како на пример, онаа на Струмица против ланскиот прволигаш Црн Дрим (103:68), потоа онаа на исто така поранешниот член на елитната дивизија Вардар против Тетекс ТТК (94:65), па и на Чаир 2030 против битолска Хераклеа (107:82).
Домашна победа запиша и дебитантот во ова натпреварување, екипата на Соколи 1933, која пред своите гледачи во Штип, го совлада Баскет КАМ (87:74).
Единствената победа на гостински терен ја забележа екипата на Партизан Водно Санс која вечерва беше за два поени подобра од Борец Баскет во Велес (80:78).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
Чаир 2030 – Хераклеа 107:82
Вардар – Тетекс ТТК 94:65
Соколи 1933 – Баскет КАМ 87:74
Борец Баскет – Партизан Водно Санс 78:80
Струмица – Црн Дрим 103:68
13.10: Шкупи – Охрид
ИДНО КОЛО (16.10)
Партизан Водно Санс – Соколи 1933
Чаир 2030 – Борец Баскет
Тетекс ТТК – Шкупи
Баскет КАМ – Струмица
Охрид – Хераклеа
Црн Дрим - Вардар