13.02.2021

Проф. Д-р Ленче Алексовска Величковска им одржа предавање на репрезентативците

Психолошка подготовка за Перм, за јакнење на тимскиот дух

Во рамките на редовните тренажни активности, денеска, непсоредно пред почетокот на тренингот, репрезентативните кандидати добија и неколку корисни психолошки совети.

Деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Проф. Д-р Ленче Алексовска Величковска, која е составен дел од стручниот тим на нашиот национален тим, го искористи оној „празен дел“ од денешните тренинг активности, да одржи едно предавање на сениорите поврзано со јакнење на оној тимски дух потребен за уште подобри резултати.

По завршувањето на задолжителното ПЦР тестирање кое беше реализирано од страна на Клиниката „Жан Митрев“ од Скопје, Проф Др. Алексовска-Величковска ги запозна репрезентативците со сите психолошки моменти кои со себе ги носи еден турнирски систем на натпреварување, но и начинот на психолошката подготовка за она што следува во наредните десетина дена, настапот на нашите најдобри кошаркари на квалификацискиот „балон“ во Перм.