27.10.2017

Работнички го отвори четвртото коло од ПЛМ со победа

Со натпреварот помеѓу Работнички и Пелистер отворено е четвртото коло во Првата лига во машка конкуренција. Најтрофејниот кошаркарски колектив го нагости битолски Пелистер и го испрати дома со само еден бод. За трумфот на „центарци“ беше доволен само првиот период во којпостигнаа дури 24 поени повеќе од противничкиот состав. Високата разлика по само десет минути игра го демотивираа противникот кој не успеа да се консолидира ниту во вториот дел од натпреварот.

Со новиот триумф, Работнички останува непоразен и по четири одиграни кола е на врвот на табелата во ПЛМ (земајќи предвид дека останатите непоразени екипи Блокотехна, Гостивар и Карпош Соколи се уште имаат одиграно само по три натпревара) додека Пелистер е во долниот дел од табелата, со еден триумф и три пораза зад себе.

Работнички  - Пелистер  105-49 (32-8, 13-12, 36-15, 24-10)

СТРЕЛЦИ
Работнички: Мираковски (17поени), Чековски (8), Гинјард (28), Робинсон (4), Костов (18), Николиќ (2), Крстевски Б. (12), Крстевски Д. (6), Деолски (3), Ефремовски (7)  
Пелистер: Анакиевски (6поени), Голубовиќ (2), Роберт (16), Џон (6), Фландербурк (4), Илиевски (15)