13.04.2019

Работнички по две продолженија до ново Куп-финале

Работнички ќе се обиде да стигне до својојт десетти трофеј во државниот Куп, утре (недела, 14. април) во рамки на финалето од ова натпреварување. „Центарци“ вечерва го совладаа лутиот градски ривал МЗТ Скопје Аеродром по два дополнителни периода, откако прокоцкаа сигурна двоцифрена предност што донесе егал.

Избраниците на Марин Докузовски славеа со 93-89 односно 22-12, 18-21, 20-18, 12-21, 21-17 и утре во финалето ќе се сретнат против Блокотехна.

Целосната статистика од натпреварот е достапна на следниот ЛИНК.