Работнички се избори за финале во М18 - КФСМ
01.06.2018

Работнички се избори за финале во М18

Кошаркарите на Работнички се изборија за финале на завршниот турнир во М18 откако во рамки на првото полуфинале ги совладаа врсниците од Феникс 2010 со 78-52. Јуниорите од Центар на домашен терен ќе ја бранат титулата освоена ланската сезона.

Целосната статистика од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК. Финалниот натпревар е закажан за в недела (3. јуни) со почеток во 20:00 часот.