Она за кое момците работеа напорно две години наназад во рамки на проектот "заедно до м16" конечно доби и официјално признание - кадетите се пласираа во А дивизија!
Напите репрезентативци до 16 години, предводени од селекторот Александар Јованчев, го освоија третото место на Европското првенство за кошаркари до 16 години, дивизија Б со што се пласираа во дивизија А. Со резултат од 84-66 совладана беше соодветната репрезентација на Чешка.
- Ова е неверојатно, ова е тоа за што работевме две ипол години. Им честитам пред се на играчите и на стручниот штаб, им благодарам на сите што не бодреа , му благодарам на координаторот и на Македонската Кошаркарска Федерација што веруваа во мене и покажаа доберба дека можам да бидам на чело на овој проект!
РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈА - еуфорично истакна селекторот Јованчев.
Македонската кошаркарска федерација им го честита успехот на сите инволвирани во овој проект и во репрезентацијата.