06.10.2020

Тимот од Казахстан загуби со (83:101), од фаворитот, но не разочара на гостувањето во Казан.

Рајковиќ и Астана парираа две четвртини со Уникс

Екипата на Астана која од клупата ја предводи Емил Рајковиќ а му помага Сашо Тодоровски не успеа да го изненади фаворизираниот тим на Уникс. На средбата во Казан, екипата од Казахстан загуби со резултат (83:101).

Гостите од Нур Султан беа рамноправен ривал во првата и третата четвртина. Се чини дека пресуди водството кое Уникс го креираше по првото полувреме (54:44).

Ова беше натпревар од 4. коло во ВТБ лигата, а втор пораз за Астана во исто толку натпревари во силната конкуренција.

*Во литванската ЛКЛ лига се одигра четвртото првенствено коло. Екипата на Џукија која од клупата ја предводи нашиот млад тренер Никола Василев, забележа пораз.

Тимот на актуелниот асистент во нашиот национален тим, беше поразен од подоброрангираниот состав на Ритас (80:90).

Ова беше трет пораз за тимот од Алитус на почетокот на новата сезона во најквалитетната лига на Литванија.