Раководните луѓе на Македонската кошаркарска федерација, претседателот Перо Антиќ, спортскиот директор Марјан Србиноски и тим-менаџерот на сениорската репрезентација Ѓорѓи Чековски, како дел од секојдневните активности, ја искористија можноста да го посетат националниот кошаркарски камп во Маврово.
При посетата на нашата планинска убавица, ги проследија активностите кои се дел од програмата на кампот кој нашата федерација го реализира како дел од ФИБА проектотот „Заедно до У16“.
Во исто време, им посакаа успешна работа, како на луѓето кои се дел од стручниот тим, така и на оние шеесетина млади и талентирани кошаркари и кошаркарки кои се дел од оваа нова генерација (играчи родени 2011 и 2012 година), кои треба да ја претставуваат и иднината на македонската кошарка.