Претседателот на Кошаркарската Федерација, Перо Антиќ, Спортскиот Директор Марјан Србиноски и тим-менаџерот на машката сениорска репрезентација Ѓорѓи Чековски, денеска одржаа работен состанок во Општина Кавадарци, заедно со Градоначалникот на општината, господин Митко Јанчев, како и со Генералниот Менаџер на МКК Еуро Никел 2005, Ванчо Филковски.
Потреба за итен работен состанок се појави по известувањето на клубот од јужниот дел на државата за повлекување од сите натпреварувања кои ги организира Кошаркарската Федерација. Веќе тече анализа на сите инволвирани страни за обезбедување на континутитет на клубот кој во своите клупски витрини има три шампионски трофеи од Македонија. Во деновите што претстојат се очекува позитивен исход од денешниот работен состанок.
Кошаркарската Федерација сака да изрази голема благодарност до градоначалникот на Општина Кавадарци, господинот Митко Јанчев, за ангажираноста и посветеноста да се задржи клубот со огромна традиција на кошаркарската мапа на Македонија.