21.08.2019

Раководството на КФСМ одржа работен состанок со претставниците од Прволигашите

Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Претседателот Перо Антиќ, Генералниот Секретар Владимир Георгиевски и Комесарот за натпреварување Лазар Гечевски, денеска одржа работен состанок со претставници од Здружението на Прволигашите односно клубовите кои имаат стекнато право за настап во Првата кошаркарска лига за сезоната 2019/2020.

Состанокот беше одржан сè со цел да се договорат и потврдат деталите околу временската рамка за почеток на Првата машка сениорска лига за претстојната сезона. 
Раководството на КФСМ заедно со претставниците на клубовите од Здружението на Прволигаши разговараа на повеќе теми околу првенството, а конечна одлука за прашањата ќе биде донесена на идниот состанок, закажан за седмицата што следи.