18.09.2019 Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија закажува неформална средба со претставниците на јавните гласила. Неформалната средба со претставниците на медиумите ќе се одржи утре (19.09.2019) во кафулето Тренд (плоштад), со почеток во 12:00 часот. На неформалната средба, раководството ќе ги презентира плановите за активностите во непосредна иднина како и досега реализираните точки од програмата презентирана пред јавноста.