Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, заедно со генералниот секретар при МКФ, Моника Гаврилоска, беа на прием кај новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. Целта на овој состанок е всушност запознавање на двете страни една со друга, но и со потешкотиите со кои се соочува кошарката во Република Македонија.
Јас имав среќа да затекнам работна позиција на која претходно имало луѓе со искуство кои знаеле што прават. Се надевам дека одличната соработка ќе продолжи и во иднина – Претседателот Наумоски и Генералниот секретар Гаврилоска беа пријатно пречекани од Директорот на АМС Каевски.
Двете страни изразија желба да продолжат со транспарентноста едни кон други.
За разлика од Вас, ние кога дојдовме на оваа функција пред две години затекнавме многу лоша состојба. Федерацијата едвај функционираше, со многу долгови и со блокирана сметка. Ние успеавме да ја одблокираме сметката за шест-седум месеци што беше нешто кое впрочем јас го ветив уште пред да ја преземам оваа функција. Покрај тоа, акцент е ставен на работа и во младинските селекции кои во минатото беа занемарени. Ние ќе продолжиме да ја работиме нашата работа и да ги оствариме нашите цели. Вам Ви посакуваме многу среќа и успех во работата и се надеваме на успешна соработка, како и досега – истакна Претседателот Наумоски.