Една четвртина им беше потребна на „металците“ да го скршат отпорот на „пелистерци“ (83:59)...
МЗТ Скопје Аеродром брзо го преболе поразот во дуелот со Хелиос, кој беше дел од АБА 2 лигата. По 14.одиграни кола во македонската Прва лига, МЗТ Скопје Аеродром е повторно на лидерската позиција. Откако славеа лесен триумф над Пелистер, сега се на победа повеќе (11-3), во односно на квартетот Кожув, Работнички, Гостивар и Еуро Никел 2005.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР 83:59
(29-10; 19-15; 20-21; 15-13)
„Пелистерци“ се бранеа само неколку минути. Кога Мекиќ погоди за три поени, и на семафорот запиша (11:8), тргна серијата на шампионот. Од 15.по ред неодговорени поени. За убедлива предност, по девет минути игра (26:8), за тој уводен дел го затворат со уште повисоки (29:10). А Андреј Маслинко даде десет поени, интересно, колку целата екипа од Битола.
Серијата на МЗТ Скопје Аеродром продолжи и во втората четвртина. Потраја до скор (35:10), или парцијално (24-2). Дури по нецели три минути погодија „зелено-белите“. Поточно Казарновски, за три поени, кој беше и единствениот на она прволигашко ниво во тоа црно полувреме за Пелистер. Кој за илустрација, како, или колку „меко“ играше во СЦ „Јане Сандански“, доволно говори и податокот дека до онаа 20. минута од полувремето имаа направено само една лична грешка.
А на другата страна, за кратко време, откако влезе во игра, Милошевиќ стана вториот играч во домашниот тим со двоен број на поени - 11. Таа четвртина дури беше и поднослива за Пелистер, Ја доби МЗТ Скопје Аеродром со не баш, според прикажаното, преголеми (19:15), за уште поголема предност (48:25).Интересно, домашната екипа во која и капитенот Стојановски придодаде уште десет поени, шутираше многу подобро за три (56%), отколку за два поени (47%). Но тоа немаше некое преголемо влијание на резултатот.
Пред себе имаа еден доста импотентен состав, кој не покажа некоја особено желба за изненадување. Макар што им недостасуваа Пенов, Голубовиќ, а во тимот го немаше ниту Цветковски, како дел од ротацијата...
Во второто полувреме само еднаш гостите се спуштија под оној минус од 20.поени (44:63), но МЗТ Скопје брзо се врати во онаа „резултатска нормала“ (68:46) по три одиграни четвртини.
Од самиот почеток овој меч се претвори во „еднонасочна улица“...
Комплетна статистика од мечот – ТУКА.