Судиската Комисија при КФСМ ќе организира полусезонски семинар за сите кошаркарски судии и делегати. Арбитри со ФИБА значка, ФИБА националниот инструктор, Ѓорѓи Пиперков, и в.д. Претседателот на Судиска Комисија на Град Скопје, Влатко Цветаноски, ќе предаваат на актуелни теми во кошарката од сферата на делењето на правдата на терените.
Семинарот ќе се одржи в недела, 19.01.2020, во конференциската сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.
АГЕНДА:
- 10.30 – 12.00: Пристигнување, регистрација на присутните и нова опрема
- 12.00 – 12.15: Отворање на Семинарот – Елена Велкоска Претседател на СК
- 12:15 – 13.00: „IOT – Индивидуални Техники на Судење“ – Александар Милојевиќ
- 13.05 – 13.55: „Неспортска Грешка – критериуми и унифицирање“ – Влатко Цветаноски
- 13.55 – 14.10: Кратка пауза
- 14.10 – 14.55: „Техничка Грешка“ – Иван Мијалковски
- 14.55 – 15.40: Долга пауза
- 15.40 – 16.25: „Аспекти на модерно судење и заштита на шутер“ – Игор Митровски
- 16.30 – 17.15: „Критериуми и методика на оценување на судиите на кошаркарски натпревар“ – Ѓорѓи Пиперков
- 16.30 – 17.15: „Механика на судење со двајца судии“ – Алија Феревски / Томи Панов
- 17.20 – 17.30: Затворање на Семинарот – СК КФСМ