13.08.2019

Распоред на натпревари на женската селекција на Slovenia Ball

Кошаркарки родени 2005 година и помлади тековното календарско лето се дел од националната селекција до 14 години. Селекцијата, предводена од селекторот Никола Златев и неговите стручни соработници, зема учество на вториот меѓународен камп во рамки на проектот за развој на млади кошаркарки и кошаркари „Заедно до М16“, а почнувајќи од 15. август ќе земе учество и на меѓународниот турнир, пандан на континентален собир за оваа возрасна категорија. 
Пред одигрување на турнирот, нашите кошаркарки до 14 години одиграа две средби против врсничките од Бугарија и запишаа два пораза, 47-79 и 67-82.Селекторското трио во состав Никола Златев, Форка Ѓорѓиева и Ведран Белешковски со пријателските натпревари ставија крај на подготвителниот период.

Турнирот Slovenia Ball ќе се одигра во Словењ Градец, Словенија од 15. август до 18. август.

Соодветните национални селекции на Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Израел, Летонија, Полска, Украина и организаторот Словенија се пријавени за учество.

Нашата национална селекција е сместена во групата Б заедно со Хрватска, Унгарија, Летонија и Украина. Во групата А сместени се селекциите на Босна и Херцеговина, Бугарија, Израел, Полска и на Словенија.

Покрај нашата селекција, на турнирот ќе 'учествува' и наш млад судија, Кристијан Филиповски.

Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала „Gimnazija gym“ како и во „Sports Hall“ каде ќе се одиграат и натпреварите од плејоф фазата на турнирот. Сите натпревари од втората фаза на турнирот (разигрување за пласман) ќе бидат пренесувани во живо на YouTube (liveastream).


РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
15.08.2019
11:15h Хрватска – Северна Македонија  „Sports Hall“
20:15h Северна Македонија – Унгарија  „Sports Hall“

16.08.2019
9:00h Северна Македонија – Украина  „Gimnazija gym“
18:00h Летонија – Северна Македонија  „Gimnazija gym“

17.08.2019-18.08.2019 Плејоф фаза, разигрување за пласман

Линк до пренос во живо