Полуфиналната серија, односно дуелите на четирите екипи кои го минаа четвртфиналето, Пелистер, Работнички, Еуро Никел 2005 и МЗТ Скопје Аеродром, ќе стартува во среда.
Eкипите кои се, односно кои веќе беа дел од плеј-офот, го прифатија календарот кој за доигрувањето го подготви комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.
Според тоа, првите натпревари во полуфиналната серија која ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“, во кои предност на домашен терен ќе имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел, ќе се играат на 26. мај (среда).
Наредниот, на теренот на послабопласираните екипи, е предвидени да се реализираат на 28. (петок), додека евентуалните трети натпревари на програмата се на 30. мај (недела), одново на теренот на екипите со повисок стартен број во доигрувањето.
Финалисти на плеј-офот ќе бидат двете екипи кои први ќе постигнат две победи во двете полуфинални серии.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
26. МАЈ (СРЕДА)
Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
Работнички – Еуро Никел 2005
28. МАЈ (ПЕТОК)
МЗТ Скопје Аеродром - Пелистер
Еуро Никел 2005 - Работнички
30.МАЈ (НЕДЕЛА)
Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
Работнички – Еуро Никел 2005