08.02.2023

Натпреварите од финалниот турнир кој ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе бидат реализирани со директни преноси на програмите на МРТ

Распоред на одигрување на натпреварите од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2023

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, ги утврди и термините за одигрување на натпреварите од завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ кој од 16. до 18. февруари ќе се реализира во салата на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.

На првиот натпреварувачки ден, 16. февруари (четврток), ќе се одиграат четвртфиналните натпревари во машка конкуренција.

Програмата стартува од 12. часот, со натпреварот МЗТ Скопје Аеродром-Кожув.

Од 14.30 часот, следува натпреварот помеѓу екипите на Гостивар и Феникс 2010. Од 17.часот, на распоредот е мечот Пелистер – Еуро Никел 2005, а од 19.30 часот, за место во полуфиналето ќе разигруваат екипите на Работнички 2005 и ТФТ.

Наредниот ден, 17. февруари (петок), се двата полуфинални натпревари во женска, а потоа и во машка конкуренција.

Од 12. часот, на теренот во салата СРЦ „Кале“ ќе истрчаат екипите на Баскет Кам 2011 и Бадел 1862, потоа од 14.30 часот, ќе се игра натпреварот помеѓу, екипите на Вардар и МЗТ Скопје Аеродром.  

Првото машко полуфинале, истиот ден, 17 февруари, е закажано за 17.часот, а нешто подоцна, од 19.30 часот, ќе се игра и вториот полуфинален меч.

Саботата е резервирана за двата финални натпревари.

Од 16.30 часот ќе играат двете најдобри екипи во женска, а од 19.30 часот, и во машка конкуренција.

Во соработка со Македонската радио и телевизија, предвидени се директни преноси од натпреварите од завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГОЕВСКИ - БУШТУР' 2023 - СКОПЈЕ

МАЖИ – ДВОЈКИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

16. ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК)

12.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (1)

14.30: Гостивар – Феникс 2010 (2)

17.00: Пелистер – Еуро Никел 2005 (3)

19.30: Работнички – ТФТ (4)

17. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)

ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ

12.00: Бадел 1862 – Баскет Кам 2011

14.30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

ПОЛУФИНАЛЕ - МАЖИ

17.00: Победник 1 – Победник 4

19.30: Победник 2 – Победник 3

18. ФЕВРУАРИ (САБОТА)

16.30: ФИНАЛЕ - ЖЕНИ

19.30: ФИНАЛЕ - МАЖИ