13.12.2018 Националните селекции до 14 години претстојниот декември ќе земат учество на вториот меѓународен турнир во рамки на развојниот проект, поздравен од ФИБА, насловен како „Заедно до М16“. Селекторите Жаклина Стојановска односно Благоја Кечовски ќе тренираат со своите кошаркарки односно кошаркари в Скопје неколку дена, а потоа ќе заминат за Романија каде ќе разигруваат со соодветните селекции на Косово, Турција, Бугарија како и домаќинот Романија. Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала „Кале“ (мала сала), а списокот на повикани кошаркарки и кошаркари може да се погледне на следниот ЛИНК. Жени 15.12.2018 10:00-11:30 19:00-20:30 16.12.2018 09:00-10:30 17:00-18:30 17.12.2018 14:00-15:30 Мажи 15.12.2018 11:30-13:00 20:30-22:00 16.12.2018 10:30-12:30 18:30-20:00 17.12.2018 15:30-17:00