02.05.2023

Чешкиот репрезентативец вели дека добиле добра група којa може дa се помине.

РЕАКЦИИ ПО ЖДРЕПКАТА-МАРТИН ПЕТЕРКА: „Не ги познавам многу добро играчите од Македонија, групата треба да ја поминеме“

Непосредно по ждрепката со која беа формирани четирите натпреварувачки групи во европската зона на ФИБА, со свој коментар излезе и репрезентативецот на Чешка, Мартин Петерка:

„Ако ја споредам со другите групи, нашата е доста добра. Знам неколку играчи од Естонија, на пример Коцар игра во шпанската Басконија, тие ќе играат дома, па веројатно ќе имаат пристоен тим, но веројатно и најсилен. Тука ќе бидат Израелците со кои имаме ново искуство од Евробаскетот. Не ги познавам многу добро играчите од Македонија, но генерално групата може да се игра. Секако постојат и други фактори кои ќе имаат улога за тоа како нашиот состав ќе игра. Но во ваква група дефинитивно треба да целиме кон првото место, што не е некоја научна фантастика. Во секој случај, треба да играме за двете места кои водат понатаму“ - коментираше 28.годишниот кошаркар на еден до нашите противници на турнирот во Талин.