29.07.2020

Во изминатите два дена беа одржани селективни тренинзи во женскиот сегмент кај овие две возрасни категории

Реализиран првиот дел од селектирањето на кошаркарки родени 2007 и 2008 година

Во текот на изминатите четири дена, Кошаркарската Федерација на Северна Македонија започна со уште еден проект, наменет за оние најмлади возрасни категории, селективни тренинзи на кошаркар(к)и родени 2007 и 2008 година.

Откако во првите два дена тренерите Драган Василов, Горан Андреевски, Марјан Ѓуров, Мартин Атанасовски, Марко Трајковски и Ерхан Рамадан, ги реализираа селективните тренинзи во машка конкуренција, во наредните два, нивните колеги, Горан Даниловски, Атанас Димов, придружувани од Јелена Антиќ, Симона Деловска и Пепа Ташева, одржаа селективни тренинзи во женскиот сегмент кај овие две возрасни категории на млади кошаркарки.

Сите предвидени активности беа реализирани во СРЦ „Кале“ (голема сала) во Скопје, согласно Протоколот за тренинг во спортска сала, одобрен од Главен координативен кризен штаб на РСМ.