30.03.2021 ... Овој викенд, во салата на СРЦ „Кaле“ се одржа третиот дел од менторирањето на тренерите од проектот за развој на женската кошарка за тренери кои работат со млади категории на кошаркарки. „Реализиравме уште еден дел од програмата, од ова своевидно менторирање на тренерите кои се дел од проектот. Полека оние кои се тука со нас, ја сфаќаат суштината коај со себе ја носат овие предавања. Дека се од голема корист за нив во понатамошниот тек на нивните кариери како тренери кои работат со оние млaди категории на кошаркарки. Сакаме во исто темпо да продолжиме и понатака“ - вели Саша Димитријевиќ, кој раководи со овој проект на федерацијата посветен за оној женски сегмент од кошаркарскиот спорт.