27.07.2020 Тренинзите се одржани согласно Протоколот за тренинг во спортска сала, одобрен од Главен координативен кризен штаб на РСМ. За време на викендот, Кошаркарската Федерација на Северна Македонија започна со селективни тренинзи на кошаркари родени 2007 и 2008 година. Селективните тренинзи во машка конкуренција, се одржаа во изминатите два дена, додека пак, селективните тренинзи во женска конкуренција, ќе се одржат на 27.јули (понеделник) и 28.јули (вторник). Сите предвидени активности се реализираат во СРЦ „Кале“(голема сала) во Скопје, согласно Протоколот за тренинг во спортска сала, одобрен од Главен координативен кризен штаб на РСМ.