10.04.2017 Продолжуваат активностите на кошаркарите кои се дел од проектот на ФИБА „заедно до 16“ Кошаркарите од националниот состав до 15 години (родени 2002 година) кои се дел од проектот на ФИБА „заедно до 16“ ќе одиграат пријателски натпревар со селекцијата на Спортската академија. Во рамки на подготовките за преостанатите активности од проектот, натпреварот ќе биде одигран в четврток (13. април) со почеток во 20 часот и 30 минути. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала на Вардар (Мала сала „Кале“). Селекторот на репрезентацијата до 15 години Александар Јованчев и асистентот Мартин Атанасовски ги повикаа следните кошасркари: Бранко Шуменсковски КК ВАРДАР Драго Стојановиќ КК ВАРДАР Лука Радуловиќ КК ВАРДАР Лука Савичевиќ КК ВАРДАР Марко Величковски КК ВОДНО САНС Марко Миловановиќ КК ВОДНО САНС Стефан Јовановски КК ВАРДАР Никола Груевски КК ВАРДАР Славко Трајковски КК МЗТ СКОПЈЕ Андреј Андоновски КК ФЕНИКС Љубиша Димитровски КК ФЕНИКС Васил Јаневски КК АНГЕЛИ Давид Наумовски. КК ВОДНО САНС Богдан Стошиќ. КК ПИНК ПАНТЕРИ Кристијан Столевски КК КЕТС ГОСТИВАР