Репрезентацијата на Република Македонија до 15 години која настапува на турнирот во Романија тргна победнички. Против соодветната селекција на Бугарија, избраниците на Александар Јованчев поставија свој ритам на игра од самиот почеток кој го одржуваа без проблеми во текот на целиот натпревар. Во финишот нашата репрезентација прослави победа од 48-55.
"Одигравме одличен натпревар создадовме предност уште на самиот почеток и успеавме да ја задржиме до крајот на натпреварот. Задоволен сум од играта и од односот на репрезентативците кон националниот дрес. Системот на одбрана на кој инсистираме во последната година функционира се подобро и подобро. Утре не очекува тежок натпревар земајќи го предвид фактот дека играме со домаќинот. Им честитам ма играчите за борбеноста и утре одиме на нова победа" - се впечатоците на Јованчев по победата.
ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА СО 48-55 (9-14, 12-16, 9-14, 18-11)
СТРЕЛЦИ:
Марко Миловановиќ (16 поени, 13 скокови, три асистенции)
Бранко Шуменковски (6 поени, 4 скокови)
Стефан Јовановски (11поени, 5скокови)
Лука Савичевиќ (10поени, 3скокови)
Давид Наумовски (2поени, 6скокови)
Драго Стојмановиќ (10 поени, 6скокови)